Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седница во Охрид: Се усвојува планот за уривање на дивоградбите

Седница во Охрид: Се усвојува планот за уривање на дивоградбите

Денеска претпладне продолжува седницата на општина Охрид на која најверојатно ќе се разгледува планот за справување со огромниот број на дивоградби во градот. Доколку се усвои планот, прво сите нелегални угостителски објекти на потегот од Ј’но до Канео ќе треба да се урнат, а до 1 февруари ќе треба да се урнат и останатите дивоградби кои ќе бидат регистрирани како критични.

Тоа значи дека советниците на локалната самоуправа денеска ќе треба да одлучат дали и кога ќе ги уриваат дивоградбите што го загрозуваат статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО.

Претходните апели беа да нема селективност и да се отстрани се она што комитетот на УНЕСКО го обележал како опасност за природно- културното наследство.


Слично

Поврзани вести