Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕДИ БОБИ КЕЦ“: Арсовска со критика до градоначалникот на Гази Баба, ама и тој и одржа „повратна“ лекција

„СЕДИ БОБИ КЕЦ“: Арсовска со критика до градоначалникот на Гази Баба, ама и тој и одржа „повратна“ лекција

По утринското барање на градоначалникот на општина Гази Баба за брза рекација со која жителите на повеќе населби во општината ќе добијат питка вода со реакција се јави градоначалничката на Град Скопје. 
- Оф бе Боби, 3 години уште не знаеш што е твоја работа, а што на градот. Или може знаеш ама кога треба да се сработи нешто, а ти за тоа не си кадарен, удри по Данела и уклучи ги штабците да напаѓаат.

Ај да ти појаснам како на прваче, како на оние на Вики Ганиу што граделе згради на 5 години:

Жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП Водовод и канализација Скопје (ова сигурно го знаеш, или не )

Црешево и Смилковци се корисници на вода од ЈКП Гази Баба (ова ако не си разбрал во овие 3 години Е ТВОЕ ПРЕТПРИЈАТИЕ ) која добива вода од РЖ услуги

Како вие добавувате вода од РЖ услуги, по која цена и потоа како ја наплаќате од жителите е дополнително мистериозно прашање (за ова во друга пригода

Ова по 3 години ќе го знаеше, ако паузираше 1 еден ден од сликање по фоклорни манифестации за да сработиш нешто. До сега можеше да им направиш нова мрежа на жителите таму, со милионите што ги доби и од Владата на КОВАЧЕВСКИ и од таа на МИЦКОВСКИ.

Град Скопје во 3 години 0 денари од Влада, плус долг од Влада кон ЈСП од 8 милиони €.

Седи Боби, кец! - напиша Арсовска. 


Но, градоначалникот на Гази Баба не остана без одговор. Тој укажа дека знае кои се негови а кои надлежнсоти на град Скопје и праша што е со населбите кои добиваат вода од ЈП Водовод и канализација. 


Слично

Поврзани вести