Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДЕТЕ ПОД СЕНКА: И денес високи температури од утре промена на времето

СЕДЕТЕ ПОД СЕНКА: И денес високи температури од утре промена на времето

Високите температури продолжуваат и денеска.

Според метеоролозите не очекува претпладне сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.  Поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 27 до 38 степени целзиусови.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со максималните дневни температури ќе бидат околу 35 степен.

Дневните температури до петок ќе се намалат за неколку степени.

Потоа до вторник следува период на сончево, стабилно и повторно многу топло време.


Слично

Поврзани вести