Седеле во кафеана во Миравци, но немале сертификати за примена ковид вакцина
Во кафеана во Миравци имало невакцинирани гости, а вработените биле без маски.
Полицијата синоќа пред полноќ влегла во кафеана во селото Миравци и затекнала гости кои немале сертификат за примена вакцина против ковид-19 или потврда за скорешна прележаност на болеста. Во кафеаната немало дезинфекциски средства.
„Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за 'Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија' по член 206 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.Утврдено е дека немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице - редар. И претходно, во повеќе наврати при контроли во локали во различни градови беа затекнати гости кои не поседувале сертификати.
foto freepik.com
Слично
