„СЕЧЕНО, ЛЕПЕНО, МОНТИРАНО“: Тони Михајловски се огласи со порака на социјалните мрежи
Познатите личности во Македонија се почесто стануваат жртви на лажни реклами за разни производи. Овој пат беше злоупотебено името на познатиот македонски актер, Тони Михајловски.
„Рекламата со мене за некаков лек за било што е ЛАЖНА . Вештачка интелигенција. Освен делот у некое собрание кај што “тепам” некои пратеници.
Едноставно, сечено, лепено и монтирано.
Во моментов сум на снимање на нови реклами за еден клиент и нив наскоро ќе ги видите. До тогаш не наседнувајте на се што ќе се исправи пред вас“, напиша тој.
Слично
