Економија, финансии, бизнис

Контакт

Себастијан Курц в недела доаѓа во Македонија

Себастијан Курц в недела доаѓа во Македонија

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц в недела ќе дојде во Македонија.

Тој ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија,  Никола Попоски, а ќе ја посети и границата кај Гевгелија во својство на претседавач на ОБСЕ. 

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан од синоќа е во Скопје за министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на енергетиката, а ќе се сретне и со лидерите на политичките партии.

Инаку, Попоски и Курц кон крајот на 2016 година усвоија Акциски план „Австрија – Македонија 2017“.

Во Планот се опфатени заеднички проекти за практична соработка во повеќе области – европска интергација, економија, животна средина, култура, образование и наука.

Слично

Поврзани вести