„СЕАТ ИБИЦА“ СЕ ПРЕВРТЕЛА НА ПОКРИВ: Девојче со тешки повреди по несреќа на автопатот Скопје-Тетово
Со тешки телесни повреди се здобило девојче кое било сопатничка во автомобил кој излетал од коловозот на автопатот Скопје-Тетово.
Незгодата се случила кога 52 годишниот Скопјанец Ш.С. управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ , излегол надвор од коловозот, удрил во бетонската ограда од мостот, и се превртел на покрив.
По укажаната помош на тетовскиот клинички центар девојчето е префрлено на скопските клиники со тешки телесни повреди.
Засега нема нови детали за сообраќајката.
Фото: илустрација
Слично
