Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сеад Кочан повеќе не е управител на Трансмет, туку неговиот брат

Сеад Кочан повеќе не е управител на Трансмет, туку неговиот брат

Бизнисменот Сеад Кочан посочи дека повеќе не е управител на градежната компанија „Трансмет“ и на тој начин се обиде да и посочи на СДСМ дека напразно го обвинуваат за добиениот тендер за реновирање на обиколницата погодена од скопските поплави. Нов управител на компанијата Трансмет е Чедо Кочан, братот на бизнисменот Сеад Кочан. 

Трансмет последниот тендер за обнова на обиколницата го доби со непосредна спогодба, односно преговарање, наместо класична тендерска постапка. Чедо Кочан сега е прв човек на компанијата која беше дел од новинарските истражувања, пред се поради големиот број тендери кои ги добила од владини институции и општини. Сеад Кочан посочи и дека постапката за реконструкција на обиколницата била транспарентна и според законите.

Инаку, опозицијата реагираше на оваа владина одлука и рече дека тие се согласуваат дека санацијата на обиколницата е итна, но тоа требаше да се реализира пред три месеци, а да не се чека толку за да се одреди компанијата. 

До сега требаше да биде готова – рече Дамјан Манчевски од СДСМ. Тој потсети дека од 2012-та до денес Трансмет добила над 63,4 милиони евра од државни тендери. Манчевски рече дека по изборите ќе бараат одговорност за матната зделка за обиколницата која му пресуди на Смилковци.


Слично

Поврзани вести