Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сеад Кочан конечно одведен во Идризово

Сеад Кочан конечно одведен во Идризово


Синоќа пред полноќ заврши затворската сага со Сеад Кочан и бизнисменот конечно е одведен во Идризово на издржување на правосилната казна од четири години и осум месеци за манипулации со тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Скопскиот затвор ја потврди оваа информација за Телма, а таму е доведен директно од приватната болница од каде што сопственикот на „Трансмет“ по трет пат преку барање до судот се обиде да го одложи издржувањето на казната за случајот „Труст“ на СЈО.

Доцна вечерва Кривичниот суд издаде налог, по што следуваше наредба до полицијата да го спроведе Кочан на издржување на казната.

При спроведувањето немало инциденти, а кај него било констатирана добра здравствена состојба.



Слично

Поврзани вести