Се знае ли мотивот за убиството на Дилавер Бојку – Леку?
Познатиот бизнисмен од Струга и поранешен осуденик, Дилавер Бојку – Леку е убиен попладнево на плажа во градот.
Непознато лице во 16.45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа Аква Блу во Струга. Тој испукал кон него неколку куршуми од огнено оружје. Очевидци велат дека напаѓачот брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец.
Бојку со прострелна рана во глава е пренесен во болницата во Струга, каде е констатирана смрт.
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села во јуни 2013-та година во полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку.
Според неофицијални информации, можно е да се работи за крвна одмазда.
Слично
