СЕ ЗГОЛЕМИ ПРОЦЕНТОТ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ: 50% одговориле ДА, прво се преферира Фајзер, па Спутник V, најмалку АстраЗенека
Според поселдната
анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, (ИДСЦС), половина од
испитаните граѓани во Македонија дале потврден одговор дека сакаат да се
вакцинираат, 34% категорично изјавиле дека не би се вакцинирале, а 16% се
двоумат.
Во однос на прашањето со која вакцина би се вакцинирале, највисок процент, однсно 39 отсто се изјасниле за вакцината од производителот Фајзер, а руската, Спутник V би ја примиле 21 % од испитаниците. Помала заинтересираност граѓаните искажуваат за вакцините на Синофарм, која ја преферираат 6 отсто, потоа на Модерна, која ја преферираат 5 проценти, додека најмалку преферирана вакцина е Астра Зенека, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните.
Анкетата е спроведена од 17 февруари до 10 март на репрезентативен примерок од 1010 испитаници.
