Се збогуваа Бејли и Заев
Премиерот Зоран Заев вчера го прими во проштална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли кој заминува од земјава.
Амбасадорот Бејли истакнал дека му е особено драго што за време на неговиот мандат Македонија го решила спорот со Грција.
„Премиерот Заев на средбата ја изрази неговата лична, благодарноста на Владата на РСМ и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО“, соопштија од Владата.
Премиерот на Бејли му подарил фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на, како што велат од Владата, сеќавање за извонредната соработка.
