Се затвори вратата на ВМРО-ДПМНЕ за Тодоров и Мијалков
Никола Тодоров и Сашо Мијалков за кои во неделата на Централниот комитет партијата даде препорака да бидат исклучени, веќе не се дел од партијата.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Општина Карпош го исклучи од партијата екс министерот за здравство, Никола Тодоров. За разлика од Мијалков, Тодоров добил шанса да го каже својот став околу одлуката на Централниот комитет за негово исклучување, но тоа и не му помогнало пред дисциплинската комисија, чија одлука за негово исклучување била едногласна.
Поранешниот директор на УБК, Мијалков воопшто не бил повикан да се брани.
Oд партијата во неделата соопштија дека исклучуваат луѓе кои се заканувале, уценувале пратеници и вршеле притисоци за да гласаат за уставни измени.
Александар Николоски во неделата кажа дека имале историски Централен комитет и направиле прочистување во партијата, со цел враќање на идеалите на историското ВМРО. За Мијалков извор од партијата, рекол дека зад прислушувањето стои Мијалков и дека немаат врска никакви странски служби.
Самоил Малчески вчера изјави дека според негови информации, луѓето кои се исклучени сакале да направат пуч во ВМРО-ДПМНЕ.
