Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа по 25 години работа

Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа по 25 години работа

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март 2026 година, заедно со паштунскиот сервис Радио Машал, соопшти медиумската организација.

Одлуката е донесена поради буџетски причини и потребата за реорганизација на ресурсите, изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

– Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме ресурсите. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата на тимовите и високите стандарди што ги одржуваа – изјави Капус.

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа постои од 2001 година и во изминатите две и пол децении беше еден од значајните медиумски извори на информации за домашната и меѓународната јавност.

Со неговото затворање, медиумската сцена во Македонија останува без уште еден долгогодишен информативен сервис.


Слично

Поврзани вести