Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАТВАРА МАКЕДОНСКОТО НЕБО: Штрајк во контролата на летање

СЕ ЗАТВАРА МАКЕДОНСКОТО НЕБО: Штрајк во контролата на летање

Македонскиот воздушен простор на 20 и 24 октомври ќе биде целосно затворен поради штрајк на контролорите на летање, соопштија од Синдикатот на контролори на летање (ССКЛМ).

Менаџментот на М-Нав не ги исполнил дадените ветувања, а Синдикатот бараше директорите на контролата на летање да запре со партиските вработувања во М-НАВ, да добие одобрување од Министерството за финансии за оглас за вработување на контролори на летање и инженери, како и распишување тендер за избор на меѓународна независна агенција која ќе изработи анализа за моменталната состојба и за неопходните кадри за нормално функционирање на друштвото.

Иако првично штрајкот беше закажан за 10 јули, контролорите одлучија да го одложат поради извесни придвижувања во исполнување на барањата. Сепак поради застојот во процесот, тие сега повторно застануваат цврсто зад своите ставови.

Од Синдикатот  велат дека 20 октомври е избран како почетен датум по завршувањето на локалните избори, за да не се дозволи на раководството на М-НАВ да ја искористи ситуацијата и да го етикетира штрајкот како политички мотивиран.

Синдикалците дополнително предупредуваат и на притисоци врз вработените од страна на раководството на М-НАВ, со цел да се спречи нивното учество на претстојните состаноци на синдикатите.

КЛУЧНИТЕ БАРАЊА НА СИНДИКАТОТ

  • прекин на партиски вработувања во М-НАВ,
  • одобрување за нови огласи за вработување контролори на летање и инженери,
  • распишување тендер за избор на независна меѓународна агенција која ќе изготви функционална анализа на потребите на претпријатието.


Слично

Поврзани вести