СЕ ЗАТРЕСЕ И МАКЕДОНИЈА: Два земјотреси почувствувани во Скопје
Два нови земјотреси имало во Јадранско море, а тие се почувствувани и во Македонија.
Тие попладнево се почувствувани и во Скопје.
Едниот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван, петнаесет минути пред 16 часот, а следниот земјотрес само по осум минути бил со јачина од 3,1 степен.
Смртоносен земјотрес вчера ја погоди Албанија, при што има загинати, но и многу повредени луѓе, уништени згради и други објекти.
Од вчерашниот силен земјотрес што ја погоди Албанија, досега на тој простор се регистрирани 524 земјотреси.
Слично
