Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запалил автомобил и опожарил уште две возила

Се запалил автомобил и опожарил уште две возила

Синоќа, 20 минути по полноќ на скопската улица „Боро Менков“ се запалил автомобил „Застава“, чиј сопственик е непознат.

 Автомобилот подолго време бил оставен на паркингот.

Од пожарот, возилото целосно изгорело, а биле опожарени и патничко моторно возило „Форд Ескорд“ со скопски регистерски таблици сопственост на Б.Л. од Скопје кое било опожарено од левата страна и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици сопственост на Л.А. од Скопје кое било опожарено од десната страна.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.


Слично

Поврзани вести