Се запалија два оџака во Штип - две жени завршија во болница
Две жени од Штип се повредени по пожар што избувнал на оџак во стан на улицата „9 Мај“, при што се задушиле од чад и се пренесени на лекување во Скопје. Пожарот настанал рано изутрина, околу 6 часот, во стан сопственост на С.А. (41), а поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра С.Д. (39) се префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Огнот зафатил и соседен стан, сопственост на 61-годишен штипјанец, а го локализирале екипи на Територијалната противпожарна единица Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е и увид.
Неколку часа подоцна, попладнето околу 18:30 часот, во станбена зграда на булеварот „ЈНА“ во Штип е пријавен уште еден пожар на оџак, кој се проширил низ становите од првиот до петтиот кат. Во овој случај повредени лица нема, а пожарот бил целосно изгаснат од противпожарната единица. И за овој настан увид извршила увидна екипа на СВР Штип.
