Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запали возило кое превезувало изборен материјал од Гостивар во Скопје

Се запали возило кое превезувало изборен материјал од Гостивар во Скопје

Возило на гостиварската Изборна комисија во кое се превезувал изборниот материјал  се запалило во движење. 

Од  СВР Тетово соопштија дека инцидентот е пријавен во 4,30 часот.

Возилото „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. 

„Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, велат од  СВР Тетово.

Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. 

Слично

Поврзани вести