Се запали порше во движење во Радишани
Видео од запаленото возило сподели порталот „Маркукуле“ на својата фејсбук-страница, каде што на снимката се гледа како густ црн чад и пламен целосно го голтаат луксузниот автомобил порше кајен.Настанот го потврдија и од МВР.
Автомобил целосно изгоре во пожар кој избувна додека возилото било во движење. Инцидентот се случи на обиколницата кај клучката во скопската населба Радишани.
Слично
