Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запали цистерна со метан, се задуши полицаец

Се запали цистерна со метан, се задуши полицаец

Полицаец завршил во болница поради гушење откако во текот на вчерашниот ден во близина на Битола се запалила цистерна со метан.

Комерцијалното возило можело да предизвика голема опасност и материјална штета, стои во полицискиот билтен.

- На 12.06.2024 во 12.32 часот во СВР Битола било пријавено дека помеѓу с.Логоварди и с.Новаци настанал пожар во објект на фарма за сточна храна и цистерна со метан., објави МВР.

Поради вдишување метан во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош бил пренесен полициски службеник од полициската станица од Новаци. 

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, информираат од МВР.


Слично

Поврзани вести