Се запали автобус за градски превоз во Скопје
Автобус утрово се запали на последната станица позната како Транспортен центар кај Железничката станица во Скопје.
Како што извести МИА, станува збор за приватен автобус кој е дел од јавниот градски превоз, а се запалил додека не бил во движење.
Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.
Причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.
Слично
