Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА СТРАЖА: МВР прави увид, повредени патници нема

СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА СТРАЖА: МВР прави увид, повредени патници нема

Во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје - Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР - СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник. Во тек е увид од увидна екипа на МВР. Сообраќајот се одвива нормално.

Слично

Поврзани вести