Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запали архивска канцеларија во ГОБ „8 Септември“

Се запали архивска канцеларија во ГОБ „8 Септември“

Доцна синоќа се запали канцеларија во Градската општа болница „8 Септември“ - Скопје.

Ова го потврди Министерството за здравство, а станува збор за архивска просторија.

Засега познато е само дека нема повредени, а други простории не се зафатени и причинета е само материјална штета. 

Од страна на противпожарната единица пожарот е целосно изгаснат.

Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.


Слично

Поврзани вести