Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАЛЕПИ СО СЕЛОТЕЈП НА БАНДЕРА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ И ИСПРАТИ СИЛНА ПОРАКА: „Во Кочани се вратија деца со ампутирани прсти, мене ми загинаа петмина другари“

СЕ ЗАЛЕПИ СО СЕЛОТЕЈП НА БАНДЕРА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ И ИСПРАТИ СИЛНА ПОРАКА: „Во Кочани се вратија деца со ампутирани прсти, мене ми загинаа петмина другари“

Од плоштадот на Скопје, денеска млад човек испрати силна порака до јавноста. Тој во знак на бунтовност се залепи со селотејп на една од бандерите на скопскиот плоштад, а потоа пред новинарите разјасни зошто тоа го сторил. Вели дека пожарот во Кочани не смее да се заборави и испрати силна порака:

„Овие деца се пуштени од болница и ќе немаат цел живот раце. Барем да им помогнеме. Толку ли бргу нè заборавивте нас од Кочани? Зошто тој град никогаш не бил битен? Да направиме нешто за тој град. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки, нека направат нешто во Кочани. Нека направат некој културен центар, спортски центар. Нека отворат некое кино наместо деца да одат на такви места и да се глупираат таму, нека гледаат филм. Ми загинаа пет другари и некој ме прашува: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас сум секако духовно врзан. Нема што да правам, морам да живеам во тој град. Мора да направам нешто за него. Само на едно дете знам дека му се потребни ракавици за рацете и за нозете. Една ракавица е 1.000 евра. Значи, ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата тие пари нема да ги обезбеди. Ако ништо друго, за тие деца да се соберат пари. Каков живот ќе живеат тие деца?“, рече човекот.


Слично

Поврзани вести