Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се заканувале, ја уценувале, сексуално ја злоупотребувале - жртва е девојче од Липково

Се заканувале, ја уценувале, сексуално ја злоупотребувале - жртва е девојче од Липково

Шеснаесетгодишно девојче од село во Општина Липково со месеци било жртва на сексуална злоупотреба, закани и уцени од поголема група лица, пренесува Алсат.

Според информациите на медиумот, злоупотребата започнала уште во јуни минатата година, а осомничените, користејќи се со интимни видеа и фотографии, го принудувале девојчето да им дава пари и да извршува сексуални услуги.

Случајот излегол на виделина во неформални околности, по што семејството на малолетничката поднело пријава до надлежните институции. Според неофицијални информации, пријавата ја поднел таткото на девојчето, откако дознал за траумата низ која поминувала неговата ќерка.

Полицијата досега привела едно лице, а истрагата се проширува. Станува збор за 31-годишен жител на селото Слупчане, кој е уапсен на 2 јануари во Куманово.

Од полицијата информираат дека осомничениот ѝ се заканувал на малолетничката дека ќе објави експлицитни фотографии доколку не му даде пари.

Слично

Поврзани вести