Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се заканувал со убиства и бомби во средно училиште – уапсен тинејџер од Тетовско

Се заканувал со убиства и бомби во средно училиште – уапсен тинејџер од Тетовско

Осумнаесетгодишник од тетовско е уапсен откако испраќал пораки со закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште во Тетово.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен од професори од Средното медицинско училиште СМУ „Никола Штејн“, кои добиле информации од родители дека ученикот М.Р. испраќал вознемирувачки пораки до други ученици, односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с. Палатица, Тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49).

При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

М.Р. уапсен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

- Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. 
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава - се посочува во објавата на МВР.


Фото: МВР

Слично

Поврзани вести