Се заканувал дека ќе фрли бомба на митинг во Облешево
Жител на селото Облешево се заканувал дека ќе фрли бомба на партиски митинг.
Вчера во 17,30 часот во полициската станица Кочани телефонски е пријавено дека во пицерија во селото Облешево, Т.Ј. (44) од истото село во разговор со соселаните рекол дека ќе го спречи најавениот митинг на политичката партија, информираат од полицијата.
Се заканувал дека ќе фрли бомба и на тој начин ќе го спречи говорот на претседателот на таа партија и на кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево. Т.Ј. бил повикан на разговор во полициската станица.
Слично
