СЕ ЗАКАНУВА ЛИ НОВА ВОЈНА НА ИСТОКОТ: Ако Трамп не го повлече овој потег, последиците ќе бидат страшни ...
Во случај претседателот на САД Доналд Трамп не ги почне преговорите за нуклеарниот договор, откако Иран делумно ја запре неговата реализација, последиците ќе бидат страшни, рекол за Спутник заменик претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Владимир Џабаров.
-Ако Трамп не одреагира на ваков чекор, може се да се случи, се до војна. Последиците ќе бидат страшни. Реториката на Трамп е премногу агресивна-изјавил Џабаров и додал дека Иран се заканувал со блокада на Ормудскиот мореуз за транспорт на нафта.
Иран денес ги известил амбасадорите на Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија дека ќе се прекине реализацијата на некои обврски во рамки на Договорот за нуклеарна програма.
