Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО РАБОТНА МАШИНА: Работник од Бангладеш загина во кратовско

СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО РАБОТНА МАШИНА: Работник од Бангладеш загина во кратовско

Работник од Бангладеш загина во кратовско Кетеново. 

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.

„На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото“, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Претходно, во билтените на МВР читавме за работници од Бангалдеш, Непал кои  бегаа од земјава, а газдите ги пријавуваа откако ќе исчезнат. 

Слично

Поврзани вести