Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се вршат претреси кај судијата Ѓоко Ристов

Се вршат претреси кај судијата Ѓоко Ристов

Претреси се спроведуваат кај судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје, а информацијата е потврдена и од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според неофицијалните сознанија на Скопје 1, предметот се однесува на сомневања за злоупотреба на судиската функција, Полициски екипи, по наредба на јавен обвинител и со дозвола на Основен кривичен суд Скопје, влегле на локациите уште попладнево. Неофицијално, станува збор за домот на судијата.

Името на судијата Ѓоко Ристов претходно беше поврзувано со Фехми Стафа, поранешен народен правобранител, кој моментално се наоѓа во притвор поради сомневање дека примил 50.000 евра мито. 

Лицето за кое, според обвинителските наводи, Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов, познат по прекарот Ѓаволот, а парите требало да му бидат предадени на судија од Апелацинен суд.

Слично

Поврзани вести