Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВРАТИЛА ОД ЕУ И ПОЧНАЛА БИЗНИС: Луѓето мислат дека Западот ќе им ги оствари соништата

СЕ ВРАТИЛА ОД ЕУ И ПОЧНАЛА БИЗНИС: Луѓето мислат дека Западот ќе им ги оствари соништата

Дениса и Самир Мешан иако живееле во странство, се вратиле во Бугојно во БиХ и почнале бизнис со пекарство. 

За кратко време работата добро им тргнала. 

„На почеток беше тешко. Вложивме пари и свесни бевме за ризикот кој го носи бизнисот. Не може човек преку ноќ да се збогати, но може солидно да живее“ - вели Дениса. 

Раскажува дека воопшто не жали затоа што се вратиле во родниот град и почнале со свој бизнис. 

„Таму сопругот на работа патуваше по 120, а јас по 80 км во друга насока, и на крајот на месецот кога ќе платите сѐ, сфаќате дека ви е добро во вашата земја, само треба да работите. Нашите луѓе мислат дека Западот ќе им ги исполни сите соништа“ - вели таа. 

Во Норвешка живееле од 2001 до 2013 година и за правење на леб користат норвешки рецепти. 

Признава дека на пазарот конкуренцијата е голема, но мора да вложат напор за да опстанат. 

Слично

Поврзани вести