Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВРАТИЛ ОД ГЕРМАНИЈА: 2500 евра казна за жител на Дебреште кој одбил да се самоизолира

СЕ ВРАТИЛ ОД ГЕРМАНИЈА: 2500 евра казна за жител на Дебреште кој одбил да се самоизолира

Жител на Дебреште кој по враќањето од Германија завчера одбил да се самоизолира ќе треба да плати глоба од 2500 евра.

Тој е првиот кој добива ваква казна откако се воведоа препораките од властите за повратниците од земјите со високо и средно ниво на ризик поради коронавирусот.

Казнетиот не бил затекнат дома кога полицијата дошла да го исконтролира а тој во телефонска изјава кажал дека е на истовар на стока во Струмица.

Според официјалните податоци на надлежните, обвинетиот во државата влегол на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија која земја веќе е на листата на СЗО за високо ризични и не сакал да се потпише на изјавата дека ќе се самоизолира 14 дена.

Слично

Поврзани вести