Се вратија рочиштата за предметите на СЈО: Судот не дозволи сведочење на Протуѓер, Коневски, Камчев и Божиновски
По шест месеци пауза денеска продолжи рочиштето за случајот „Шамари во Центар“ кој го отвори поранешното СЈО, со тоа шти судот не го одобри барањето на одбраната да сведочат Мартин Протуѓер, Ивица Коневски, Јордан Камчев и Кирил Божиновски.
Во овој предмет обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието, Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба, Александар Трајковски.
Обвинетиот Јанакиески рече дека би било добро судот да го повика Протуѓер, поранешен шеф на кабинетот на екс-премиерот Никола Груевски, затоа што и тој, како што вели, е дел од аудио разговорите, но барањето не му беше прифатено.
Следното рочиште за случајот ќе се одржи на 17 септември, соопшти судијата Душан Јосифова, додека денеска даваа искази сведоци за настанот.
Одбраната на обвинетите побараа да ги добијат ЦД-ата на вештото лице од Србија, Слободан Јовиќиќ, каде што се слушат разговори на дел од обвинетите во случајот. Адвокатите ги бараа оригиналните цедиња, но тоа не беше дозволено.
