Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се вози по влажни коловози, каде провејува снег?

Се вози по влажни коловози, каде провејува снег?

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково-Ѓавато и Крушево но, не се задржува на коловоз.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот уште се пренасочува преку градот Битола. 

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација. 

Слично

Поврзани вести