СЕ ВОЗИ ЛИ ПРЕБРЗО: Прегазените девојчиња се симнале од автобус пред да ги прегази таксист
Во тек се снимања кои се прават на Радиологија, откако утринава три девојчиња беа прегазени близу трговскиот центар Чаирчанка од такси возило, потврдиле од Ургентниот центар за дел од медиумите.
Како што се додава, две од девојчињата се наоѓаат на Клиниката за детска хирургија, додека пак едно од трите кое завршило со потешки повреди е хоспитализирано на КАРИЛ.
Во јавноста утринава се рашири веста дека три малолетни девојчиња се пренесени на скопските клиники откако во нив удрило патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски таблици на лицата Христијан Тодоровски Карпош во скопски Чаир.
Девојчињата, како што пренесе Телма се симнале од автобус пред да бидат прегазени, а често се случува на фрекфентните сообраќајници да не се вози внимателно и да не се препуштаат пешаци на премини.
Од полицијата засега нема детални информации за овој случај.
ФОТО: ТЕЛМА
