Се возеле на мотор и фрлиле молотов коктел врз возило
Две непознати лица фрлиле молотов коктел кон автомобил кој го носеле на вештачење во МВР.
Вчера 14,35 часот пријавено е во полиција дека на булеварот „Александар Македонски“ додека со шлеп служба се превезувал автомобил „Пасат“ со словачки национални ознаки на вештачење кон Министерството за внатрешни работи, во еден момент, две непознати лица кои биле на мотор фрлиле молотов коктел кон возилото, по што го напуштиле местото на настанот. Возилото е делумно оштетено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Слично
