Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВОЗЕЛ ВО РАБОТНА МАШИНА - малолетник е тешко повреден откако таа удрила во бетонски ѕид

СЕ ВОЗЕЛ ВО РАБОТНА МАШИНА - малолетник е тешко повреден откако таа удрила во бетонски ѕид

Во попладневните часови, вчера, во битолската полиција било пријавено дека на улицата „Панде Илковски“ се случил инцидент во кој тешко повреден бил 16-годишник.

Според пријавеното, Е.К.(19) од Битола управувајќи работна машина „аран“, удрил во бетонски ѕид и ограда од куќа. Притоа, со тешки повреди се здобил 16-годишен битолчанец, кој бил сопатник во работната машина.

Малолетникот бил веднаш пренесен во Клиничката болница Битола, а увид на местото на настанот изршила екипа од СВР Битола.

Слично

Поврзани вести