Се вклучи алармот во Струмица, инспекторите во вонредна инспекција на „Еленица“ и „Неметали Огражден“
Службени лица на Државниот инспекторат за животна средина посетија неколку струмички компании по надминувањето на прагот на алармирање.
По надминување на вредноста од 150 µg/m3 во воздухот во текот на два последователни денови инспекторатот објави дека започнува вршење на зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните мерки по однос на емисиите во воздух.
Инспекторите извршиле вонреден инспекциски надзор во три инсталации кои од Министерство за животна средина и просторно планирање имаат добиено А Интегрирана еколошка дозвола.
Кај СИМ Инженеринг и асфалтна база на Универзал Градба било најавено дека нема да работат и во наредниот период се до крајот на месец јануари 2022 година. Од Еленица информирале дека се во фаза на постапка на гасење на печката која до 26.12.2021 година целосно ќе биде изгаснета. Од Неметали Огражден рекле дека викендов не работат и најавиле со намален капацитет до 30.12.2021
Резултатите од последните мерења ќе бидат доставени до Инспекторатот и до Министерството за животна средина.
