Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВИКАЛА ФАТИМА, ИМАЛА 23 ГОДИНИ: Ова е мигратката која настрада кај Гевгелија

СЕ ВИКАЛА ФАТИМА, ИМАЛА 23 ГОДИНИ: Ова е мигратката која настрада кај Гевгелија

Mигрантката што настрада кај Гевгелија имала 23 години, а e застрелана пред очите на сопругот. 

Невладината од Италија „Second tree“ ја објави приказната за мигрантката од Сиера Леоне, Фатима која полицаец со службен пиштол ја застрела кај касарната во Гевгелија во турканица со шверцерот. 

„Два месеци пред да биде убиена, Фатмата му кажала на Абу Бакар дека е бремена. Немаа документи ниту пари за тест. Абу уште не знае дали нивното прво дете почина со сопругата. Абу Бакар беше со Фатмата кога ја застрелаа. Таа го извикала неговото име а, потоа тој молел за помош. Видеото на кое се гледа Абу Бакар како ја гушка Фатмата и го извикува нејзиното име додека таа крвари на подот од прострелната рана, остава само празнина. Му беа ставени лисици на рацете, го возеа неколку часа и ставија во притвор еден ден без информации за неговата сопруга. Потоа, му било понудено да го превезат и остават на границата со Србија за да го продолжел патот. Секако, тој сакал да остане и рекол: „Сакам правда за Фатмата“. Од нашиот тим, Џовани и Џулиет се со Абу Бакар во Македонија. Тој уште не знае каде е телото на Фатмата и бара да ја види од денот кога ги разделиле. Тој има адвокат и решителност да бара правда. Ние ќе направиме сеʹ што е можеме да го поддржиме него и семејството на Фатмата“, се вели во објавата. 

По наредба на обвинителството во Гевгелија телото на Фатмата е предадено на обдукција. Инцидентот во кој настрада Фатмата се случи минатата среда, при што двајца криумчари на мигранти се уапсени, но нема информации за истрагата. 

Слично

Поврзани вести