Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се уште постои иницијатива за враќање на стариот изглед на Владата

Се уште постои иницијатива за враќање на стариот изглед на Владата

Даница Павловска - Циги, добитничката на овогодинешната награда „13 Ноември“ од областа на архитектурата, во интервју за Build вели дека се уште постои иницијатива за враќање на стариот изглед на објектот на Владата.

- Мислам дека мојата иницијатива за рехабилитација на објектот на Владата на РМ – дело на проф. Петар Муличковски би била задача во која би уживале многу архитекти доброволно. Веќе имам ветувања за техничка поддршка на колегите, но тоа не е доволно за овој сензитивен зафат. Деликатна е ситуацијата на рушењето и отклонувањето на фасадната облога, а да не се протолкува како деструктивна, за да добие атрибут на модернизирање на објектот со враќање на неговата есенцијална примарна вредност. Потребна е соодветна подготовка, анкета и кампања - веи Павловска.

Таа потврди дека во наредниот период во функција на заштита на модернистичкото архитектонско наследство на Скопје тоа ќе биде нејзиниот наголем приоритет.

Најави за враќање на стариот изглед имаше и од актуелната власт кога беше во опозиција, како и други промени од „Скопје 2014“, но засега ветувањата остануваат само на полесните зафати.


Слично

Поврзани вести