Се уште не се повикани пратеници да кажат кој ги отворил вратите одвнатре
Кој стои зад отворање на вратите од Собранието од внатрешната страна по што дојде до голем упад на демонстрантите, а полицијата која беше во мал број не можеше да ја сопре гневната толпа?
Одговор на ова прашање нема бидејќи истражните органи се уште не ги повикале пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василески и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ кои на повеќе снимки се гледа како ги пречекуваат демонстрантите и ги повикуваат да влезат. Повеќе медиуми тврдат дека токму пратеникот Сашо Василевск е забележан на видео надзорот како ги отвара вратите заштитени со метални препреки.
Василевски веќе неколку дена е недостапен за новинарите, а не е виден ниту во неговиот партиски штаб.
Откако ќе се затворат собраниските врати од надвор речиси е невозможно да бидат отворени, велат припадници на обезбедувањето на законодавниот дом. Доколку некој од внатре не интервенираше, тогаш демонстрантите немаше да влезат.
Извор: tv21.mk
