Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се уште гори над туристичката населба Абланица

Се уште гори над туристичката населба Абланица

Центарот за управување со кризи инфрмира дека попладнево се уште гори над туристичката населба Абланица кај Берово. Станува збор за висококвалитетна борова шума. Активни пожари има на депонијата во Дебреште и во Изофас.
„На ден 06.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола е 1, и изгаснати се 3 пожари“

АКТИВНИ: 3

1. Општина Берово – над туристичка населба Абланица (висококвалитетна боровa шума);

2. Општина Долнени – с. Дебреште (депонија);

3. Општина Прилеп – Изофас (ниска вегетација).

ПОД КОНТРОЛА: 1

1. Општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).

ИЗГАСНАТИ: 3

1. Општина Гевгелија – с. Конско (ниска вегетација и дива депонија);

2. Општина Струмица – с. Банско (депонија);

3. Општина Дебар – Дебарските гробишта (плевна).


Слично

Поврзани вести