Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ УКИНУВААТ СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ - препорака на Комисијата за заразни болести, остануваат маските во болниците, аптеките и јавниот превоз

СЕ УКИНУВААТ СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ - препорака на Комисијата за заразни болести, остануваат маските во болниците, аптеките и јавниот превоз

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. 

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. 

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. 

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. 

Слично

Поврзани вести