Се укинува „Ден на дрвото“
Владата денеска на седница донесе одлука за престанок на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ и го задолжи ЈП Македонски шуми да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од оваа акција.
Идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Македонски шуми.
На денешната седница Владата ја усвои информацијата за спроведување на пошумувањето на површините предвидени за акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина" за есенскиот дел во 2017 година.
Слично
