Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ТРУДЕВ ДА ИМ УГОДАМ НА СИТЕ, НО НЕ ЧИНЕВ, ОД ДНОТО СЕ КРЕВААТ САМО ХРАБРИТЕ - каде пие кафе екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, и кому му се обраќа со фејсбук пораките

СЕ ТРУДЕВ ДА ИМ УГОДАМ НА СИТЕ, НО НЕ ЧИНЕВ, ОД ДНОТО СЕ КРЕВААТ САМО ХРАБРИТЕ - каде пие кафе екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, и кому му се обраќа со фејсбук пораките

Видно ослабена, освежена, со убава фризура и наочари за сонце, поранешната прва специјална обвинителка Катица Јанева, денеска објави фотографии од неа, односно селфи, како и од кафе кое таа го пие во некоја од кафетериите во земјава. 

Фотографиите се објавени на фејсбук стори на таа социјална мрежа од нејзиниот фејсбукл профил кој и порано го користеше.

Не е јасно каде се пие кафето и каде и кога се направени фотографиите. 

Овие денешни фејсбук стори следуваат откако екс шефицата на некогашното СЈО, по подолго време, исто така преку фејсбук, на јавноста за време на велигденските празници и пушти неколку пораки, односно објави постови кои се јавни на нејзиниот фејсбук профил кој не е затворен. 

Пораките се преземени од извесни сајтови, но се упатува на тоа како да укажуваат на нешто што се случува во нејзиниот живот. 

Во првата порака објавена точно на Велигден, таа напиша: „Се трудев да угодам на сите, не чинев. Отсега ќе се трудам да си угодам на себеси, и натаму нема да чинам на никого“.


Ова предизвика лавина реакции, а јавноста го толкуваше дека таа ќе ја извади на виделина целата вистина. 

Во понеделникот, пак, односно вчера, таа сподели фотографија со дланка која држи шајки, што симболизира болка, која исто така содржеше мудра мисла. 

„Од дното стануваат само храбрите. Тоа не е работа за слабите“, пишува на фотографијата.


Инаку, Катица Јанева одлежува седумгодишна казна затвор за случајот „Рекет“. 

Претходно во своите излагања во судот таа кажа дека „Рекет“ е резултат на желбата на елити во Македонија да се уништи Специјалното јавно обвинителство. Против Јанева, пак, сведочеа и нејзини колешки. 

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева рече дека таа е единствена обвинителка која е веднаш избркана од работа и дека тоа треба да му служи на чест на Советот на јавни обвинители. Поради тоа била принудена да живее од примањата на нејзиниот починат сопруг и од заштедата.

Таа не бираше зборови и кога говореше за нејзните поранешни колешки.

Слично

Поврзани вести