Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се тресеше и Охрид од грчкиот земјотрес

Се тресеше и Охрид од грчкиот земјотрес

И охриѓани го почувствуваа земјотресот од соседна Грција денеска околу пладне. 

Станува збор за земјотрес со јачина од 4.3 степени според Рихтер кој во 11.55 часот е регистриран во Северна Грција во близина на границата со Македонија. Истиот потрес е почувствуван и во Битола. 

„Се почувствува земјотресот, но не беше толку јако. Не се исплашивме, навикнати сме веќе. Се стресе интерес“ - вели охриѓанец.  

И жители на струшко велат дека го почувствувале потресот. 

Охрид цело лето го помина со послаби земјотреси. 

Слично

Поврзани вести