Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ТРЕСЕА ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО: Еве колкав земјотрес регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа

СЕ ТРЕСЕА ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО: Еве колкав земјотрес регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачјеДелчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,  првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.


Слично

Поврзани вести