Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се тресе ли нешто во „Макошпед“ ?

Се тресе ли нешто во „Макошпед“ ?

Последната година на „Макошпед“ ја одбележа статус кво во работењето по среднорочното губење на пазарните позиции, скандалозно купување сопствени акции од акционер по цена значајно повисока од пазарна и  најзначајното - купување акции во „Фершпед“ за 1 милион евра. 

Во овој период Младеновски беше само неизвршен член на Одборот на директори.

Коста Младеновски, долгогодишен прв човек на шпедитерската куќа „Макошпед“ повеќе не е дел од Одборот на директори на таа компанија, соопшти друштвото на интернет страницата на „Македонска берза“.
Во штурата информација пишува дека Младеновски поднел оставка на функцијата. Во последниот состав на Одборот на директори на „Макошпед“, востановен лани на пролет, Младеновски беше неизвршен член на Одборот на директори. Инвеститорската јавност е во прашалници за одлуката на долгогодишниот „бренд нејм“ на „Макошпед“ Коста Младеновски. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста достави прашања за причините за оставка на Младеновски и ако добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Големата мајска чистка во Одборот на директори во„Макошпед“

Тектонската промена во„Макошпед“ започна на последното акционерско собрание на 20 мај 2017 година кога од старата постава на Одборот на директори „преживеа“ само Коста Младеноски. На другите тројца членови на Одборот Бобек Шуклев, Перо Моцан и на Вера Ивановска им беше констатиран престанок на мандатот поради истек на период од 4 години. Новите сили кои беа избрани на таа седница беа: Никола Лазаров, Марија Каранфиловиќ која два дена потоа стана и генерален директор т.е. извршен член и Јасмина Цветановска. На Младеновски му беше доверен уште еден четиригодишен мандат како член на Одборот на директори.

Неполни два месеци потоа „Макошпед“ купи акции за 900.000 евра од кои дел се сопствени акции и дел се акции во „Фершпед“.Во периодот од мај до ноември „Макошпед“ купи над 6 отсто од сите акции на „Фершпед“. Сега „Макошпед“ е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ каде поседува 12,26 отсто од акциите.

Повеќе за „Макошпед“ може да прочитате на следниве линкови: 

http://faktor.mk/zoshto-menadzerite-na-makoshped-rabotat-so-zagubaa-kupuvaat-akcii-vo-fershpedhttp://faktor.mk/moze-li-jabandzija-da-kupi-6-otsto-od-fershped-za-pomalku-od-milion-evra

Што треба да имате на ум ако купувате акции во „Макошпед“?

Р.Ф..

Слично

Поврзани вести