Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се тресе Црна Гора, земјотрес и во Скопје

Се тресе Црна Гора, земјотрес и во Скопје

Последниот половина час Црна Гора е на мета на земјотреси со јачина од над 5 степени по Рихтер.

Eпицентарот бил на 64 км источно од Подгорица и 24 км западно од Косово .


Пред малку и во Скопје се почувствува земјотрес, нешто пред 12 часот а поместувањето на земјиштето веројатно е последица од земјотресот во соседството.

Засега нема податоци на европската служба за мерење земјотреси за земјотресот кој ги вознемири жителите на Скопје.

Деновиве земјотреси зачестија во соседна Грција а оттаму потресите се чувствуваат во Дојран и Гевгелија.

Слично

Поврзани вести